| четврток, 6 декември 2018 |

Ватерполистите од Партизан биле истепани во Загреб

Млади српски ватерполисти, играчи на Партизан, учесници на кадетски турнир во Загреб, биле претепани од дваесетина маскирани напаѓачи, објави Радио телевизија на Србија.

Кадетите на Партизан биле нападнати пред ресторанот „Мекдоналдс“ во Загреб. Еден од ватерполистите се здобил со фрактура на прстот, а сите добиле удари по главите и телото, но ниту еден не се здобил со сериозни повреди.

Српските медиуми објавија дека хрватската полиција започнала истрага против непознати лица.

Родителите на повредените ватерполисти веднаш откако дознале за настанот отпатувале во главниот град на Хрватска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top