Директорот на гимназијата во гостиварското село Неготино бил нападнат од ученик и неговиот татко.
Како што соопшти полицијата, вчера во дворот на гимназијата, Б.Д. (42) од с. Неготино и неговиот седумнаесетгодишен син, ученик во школото, физички го нападнале директорот на гимназијата К.Р. (43) од с. Топлица, при што го удирале со тупаници во пределот на главата.
Истиот бил пренесен во Медицински центар Гостивар каде што му била укажана лекарска помош и констатирана скршеница на носот.
Увид на место то на настанот извршила увидна екипа од ПС Гостивар. По преземени мерки лицата се приведени во ПС Гостивар, со истите е извршен разговор. По целосно документирање на случајот против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.