| четврток, 6 декември 2018 |

Инцидент во Чифлик: Сомнителни лица пукале врз полицијата

Вчеравечер околу 23.30 часот пред влезот на селото Чифлик,  по претходна пријава за две сомнителни возила, полициски службеници од ПО Групчин се упатиле да извршат проверка.

На влезот во селото биле паркирани „опел вектра“ со гостиварски регистарски ознаки во кое имало едно непознато лице и  „ауди А3“ со скопски регистарски ознаки во кое имало четири непознати  лица.

Кога се доближиле полициските службеници, лицето кое било во првиот автомобил испукало неколку истрели од огнено оружје кон нив, на што полициските службеници возвратиле. Истиот по испукувањето побегнал во непознат правец.

Нема повредени лица, а четирите лица од второто возило биле приведени во СВР Тетово и по извршениот разговор биле пуштени.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top