| четврток, 6 декември 2018 |

Кејти Холмс ни пет години по разводот не смее да биде во врска со други мажи?!

Иако за врската на Кејти Холмс и Џејми Фокс се нагаша веќе три години, ниту од едната ниту од другата страна не е потврдено дали навистина е така. А како што пишува Радар онлајнм постои причина зошто е тоа така. Имено, според тајниот договор што го склучила со Том Круз откако се разведоа, актерката официјално смее да биде во врска со други мажи почнувајќи од 2017 година.

– Во договорот што Кајт го потпиша стои дека не смее да зборува за поврзаноста на Том со саентологијата, но и дека не смее јавно да биде во врска со друг маж пет години откако ги потпишале документите за развод, тврди извирот.

Додава дека и е објаснето дека може да биде во врска, но не сите да знаат за тоа. Покрај тоа, мажите со кои ќе биде во врсла не смее да ги запознава со нивната ќерка Сури, ниту смеат да бидат во нејзина близина.

– Кејт очајнички сакаше да го напушти тој брак па се согласи на сите услови, доби 4,5 милиони алиментација и 5 милиони за себе, открива изворот.

Во случај да ги прекрши условите останува без пари, пишува Радар онлајн. Кога измонативе години ќе ја запрашаа за љубовниот живот, таа само велеше дека на тоа прашање не би сакала да одговори.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top