Ова писмо ги претставува плановите за трите светски војни, а предвидени се и работи што до сега се случиле. Него го напишал еден од најголемите масони во историјата, Алберт Пике, врховен заповедник на Шкотскиот обред на слободни ѕидари во Америка. Тој вели дека се што се случило во прва и втора светска војна е испланирано од масоните, а смета дека во светот ќе има и трета светска војна.
Еве што пишува:
Првата светска војна мора да биде остварена за да им овозможи на илуминатите да се исфрлат од положбите на моќ на руските цареви и со тоа Русија да ја направат тврд атеистички комунизам.
Реализацијата и несогласувањето меѓу британскиот и германското царство ќе биде поттик за таа војна. На крајот на војната ќе се воспостави комунизам за преку него да се уништат и другите влади и да се ослабне влијанието на религијата.
Политичките сојузници на Англија од една страна и Германија од друга биле инструмент на воспоставување на првата светска војна.
Втората Светска војна треба да биде искористување на разликата меѓу фашистите и политичките националисти. Таа војна треба да биде воспоставена на таков начин што за последица треба да го има уништување на нацизмот и јакнење на национализмот до таа мера да овозможи воспоставување на суверени држави како Израел и Палестина.
Во текот на втората светска војна меѓународниот комунизам мора да стане толку силен да му биде противтежа на христијанството, кое ќе биде зауздено и држано во позадина се до моментот кога ќе биде потребно за конечна социјална катаклизма.
Третата светска војна мора да биде потикната со искористување на различностите, предизвикана од агентура, илуминати, меѓу политичките националисти и водачи на исламскиот свет.
Војната треба да биде водена на таков начин што Исламот (муслиманскиот арапски свет) и политичкиот Ционизам (држава Израел) меѓусебно ќе се уништат. Во меѓувреме останататите нации, уште еднаш ќе се поделат по тоа прашање, и ќе бидат присилени да се борат до точката на целосна физичка, морална, духовна и економска исцрпеност… Атеистите ќе испровоцираат огромна социјална катаклизма, која во своите страшни народи јасно ќе покажат целосен атеизам, извор на дивјаштво и најкрваво превирање.
Тогаш ширум светот, граѓаните ќе бидат принудени да се бранат од револуционерните светски малцинства, да се истреби и уништи цивилизацијата, и огромниот број на разочарани христијани, чиј деистички дух од тој момент ќе биде без насока и цел, трагајќи по идеал, но не знаејќи да го усмери своето обожување, ќе го прими вистинското светло низ универзална објава на чистата Луциферова доктрина, која на крајот ќе биде изнесена пред јавноста.
Христијанството и атеизмот истовремено ќе бидат победени и искоренети“, стои во писмото на масонот.
За Третата светска војна неколку пати зборувал и научникот Алберт Ајнштајн.
-Војната се состои во тоа да луѓето, иако едни со други не се познаваат, меѓусебно да се убиваат на заповед на луѓе кои многу добро се познаваат, а взаемно не се убиваат, рекол Ајнштајн.
Иако трета светска војна официјално не е прогласена за почната, за жал се чини дека не е далеку
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Трета светска почнува на 13 мај: Јасновидецот кој предвиде дека Трамп ќе стане претседател со ново страшно пророштво
-
Овој маж тврди дека се вратил од 2075 година: Открива кога ќе почне третата светска војна (видео)
-
Шефот на Space X предупреди: Трета светска војна може да биде предизвикана од вештачка интелегенција
-
Тајно снимени ритуали на масоните: Нема да верувате што прават… (видео)