Вчеравечер во 20.15 часот на регионалниот пат Прилеп – Македонски Брод се случила сообраќајна незгода меѓу автомобил „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.К.(43) од с. Забрчани, Прилепско, и мопед марка „томос“ без регистарски ознаки, управуван од А.Р. (59) од Прилеп.
По незгодата на А.Р. му е укажана медицинска помош во Општа болница Прилеп каде што му се констатирани тешки телесни повреди. Поради сериозноста на повредите истиот е препратен на понатамошно лекување во Клинички центар Скопје.
Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС Велес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


