Еден од најуспешните Македонски композитори Златко Ориѓански од наредната недела влегува со студио каде треба да се продуцира неговата најнова песна.
На својот Фејсбук профил Ориѓански неделава објави дека на новиот проект ќе соработува со досега анонимниот вокал Али Шабан кој според постот на ФБ страната на Ориѓански не бара пари за пеење затоа што тој пее од мерак.
По албумот „Македонско девојче“ кој е еден од најслушаните на социјалните мрежи и You Tube и песната за Јане Сандански јавноста со нетрпение ги очекува новите материјали на авторот кој пошироката најмногу го препознава како автор на музиката од филмот „Пред дождот“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.