| четврток, 6 декември 2018 |

Чичолина и се враќа на политиката

Порно ѕвездата Илона Сталер, позната како Чичолина, во својата програма бара советниците да ги намалат платите за 50 отсто, а заштедените пари да се искористат за подобрување на услугите на граѓаните.

Таа, како кандидат на италијанската Либерална партија, сака да стане градски советник на административните избори во Рим.

– Институциите мора да се прилагодат на кризното време. Потребно е јавните пари да се наменат за децата, старите и беспомошни лица, заштита на животните, екологија, туризам – објасни Чичолина.

ciccolina-09052013-625-press

Нејзиниот слоган е „Да престанат расипништвото и кражбите, да живее градот на љубовта“.

Илона Сталер влезе во политиката во 1979 година, кога ја основа Партијата на сонцето. Од 1987 до 1992 година беше пратеничка на Радикалната партија во парламентот на Италија, како и член на парламентарните комисии за одбрана и за развој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top