Властите во Јужна Кореја соопштија дека Северна Кореја извршила петта нуклеарна проба, јавија локалните медиуми.
-Според нашите анализи, Северна Кореја извршила проба со нуклеарна бомба со моќност на експлозијата од околу 10 килотони – изјави претставник на јужнокорејското Министерство за одбрана.
Тоа е најмоќната нуклеарна проба извршена од Пјонгјанг досега.
Властите во Северна Кореја потврдија дека е извршена нуклеарна проба.
Пјонгјанг ја оквалификува пробата како успешна и изрази уверување дека нивните сили се способни да монтираат јадрени боеви глави на балистички ракети. Во соопштението објавено на државните медиуми се вели дека нуклеарната проба е извршена за да се спротивстави на „непријателствата на САД“.
Државната телевизија нагласи дека при нуклеарната проба нема регистрирана радијација и нема последици за животната средина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ако незнаете каде да одите на одмор, еве предлог: Вака изгледа летување во Северна Кореја!
-
Средбата на првите дами на Северна и Јужна Кореја ја засени онаа на Меланија и Брижит
-
Ким Јонг Ун: Американската територија е во опсегот на нашето нуклеарно вооружување, а копчето за негово активирање е секогаш на мојата маса
-
Северна Кореја се подготвува да лансира разузнавачки сателит