Втора година по ред, главниот извршен директор на General Motors Мери Бара ја предводи традиционалната класификација на Fortune за највлијателните жени во бизнисот. Во четвртокот списанието го претстави 19-тото годишно издание на рангирањто. Првите десет на листата се речиси непроменети – единственото ново име е менаџерот на Oracle Сафра Катц, која влегува во топ 10 на местото на Елен Кулман, која во октомври 2015 година објави дека ја напушта функцијата на извршен директор на хемискиот гигант DuPont.
Тоа е и причината таа да падне од табелата, која вклучува само корпорации. Во составот од Fortune листата од 50 дами паднаа 22 главни извршни директорки. Заедно највлијателните 50 жени во бизнисот водени директно или кои учествуваат во управувањето на компании се проценуваат на над 1 трилиони долари. Меѓу нив се забележуваат имињата на менаџери на американски компании како Мери Бара, главниот финансиски директор на Google и Alphabet Рут Порат, заменик-претседателот на General Electric Бет Комшок, и неуморната нова шефицата на бизнисот на Home Depot во САД Ан-Мари Кембел, така и на дами од остатокот од светот, како Ѓулер Сабанчи, која го предводи турскиот конгломерат Sabanci Holding во овие бурни за земјата времиња.
Уредниците на Fortune ја составуваат листата врз основа на четири главни критериума – големина и значење на бизнисот на соодветната дама во глобалната економија, здравствената состојба и правецот на развој на бизнисот, развојот на кариерата на дадената дама, како и социјалната и културната нејзиното влијание.
Топ 50 за 2016 година се всушност 51, а иако на последното место, за прв пат оваа година на листата паѓа поп ѕвездата Бијонсе. Освен што напиша нова страница во музичката историја, откако стана првата пејачка со 12 песни во Billboard top 100, таа остави трага и во бизнис светот, забележуваат од Fortune. Во април Бијонсе ja пушти сопствената марка облека Ivy Park – првиот голем потфат надвор од музичкиот свет. Сепак, раководната улога не е нова за пејачката, која уште во 2007 година создава сопствен шоу бизнис и менаџерски компанија – Parkwood Entertainment. Оваа година компанијата додаде музички етикета кон активностите и потпиша договори со првите тројца изведувачи, посочуваат уште од списанието.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст