| четврток, 6 декември 2018 |

Северна Кореја го забрани сарказмот

Северна Кореја им забрани на граѓаните саркастични коментари за Ким Јонг ун и неговиот режим во секојдневниот разговор, јави „Индепендент“.
Дури и посредни критики на авторитарните влади се забранети, известија азијските медиуми. Функциониерите во земјата одржале масовни состаноци на кои ги предупредиле луѓето да не ја критикуваат државата, пишува „Индепендент“.
Функционерите им пренеле на луѓето дека саркастичните изрази како „За се е виновна Америка“, кога се мисли дека вината е на друго место, претставуваат неприфатлива критика на режимот.
Во последните неколку седмици се зголемил бројот на графити кои му се потсмеваат на Ким и неговиот начин на владеење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top