| четврток, 6 декември 2018 |

Твитер оди на продажба

Раководството на Твитер размислува да ја стави компанијата на продажба и да се надева на голема финансиска инјекција од некој технолошки гигант или пак инвеститор со оглед на тоа што социјалната мрежа иако е во пораст се уште нема стабилен извор на приходи, ниту пак може да се мери со Фејсбук.

Ниту враќањето на Џек Дорси, основачот на Twitter како извршен директор, не помогна во генерирање на платформа за атрактивни онлајн огласи од кои може да се заработува, но разликата со Фејсбук е што мрежата на Цукерберг дневно генерира огромна содржина од самите корисници и многу лесно е да се пласираат реклами.

Најголем интерес за преземање на Твитер имаат Епл и Гугл кои самите не успеаа да создат своја социјална мрежа која ќе биде доволно атрактивна за корисниците. Конкретна понуда не е испратена, но таа може да достигне околу 10 милијарди долари.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top