| четврток, 6 декември 2018 |

Загинал згмечен при влечење возило

Вчера едно лице на возраст од 58 години загина во бизарна сообраќајна несреќа на патот Кичево-Демир Хисар, во близина на Големо Илино.

Двајца пријатели се возеле од Кичево, а едниот го влечел комбето на другиот. Враќајќи се наназад, еден од нив со својот „мерцедес“ го удрил пријателот кој бил до паркираното комбе и го згмечил меѓу возилата.

Увид е извршен од страна на СВР Битола, возилата се дадени на вештање, а телото на починатиот на обдукција.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top