| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјанка го нашла сопругот мртов, со прострелна рана во главата

policiska-lenta-ubistvo

Осумдесет и деветгодишен маж е пронајден мртов во сопствениот дом на улицата „Васил Главинов“ во Скопје.

Вчера, како што информира полицијата, во 11:30 часот во ЕИК-Скопје било пријавено дека на ул.„Васил Главинов“ во Скопје, А.И. (80) околу 9:20 часот го пронашла нејзиниот сопруг Г.И. (89) во спалната соба без знаци на живот со прострелна рана во пределот на главата.

Екипа на Итна медицинска помош констатирала смрт. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Скопје, при што бил подигнат пиштол.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е пренесено во Институтот за судска медицина за обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top