| четврток, 6 декември 2018 |

Прегазен пешак на „Пластичарска“

PlasticarskaНа 7 септември во 7.50 часот во Скопје на бул.„Никола Карев“, познат како „Пластичарска улица“ се случила сообраќајна незгода во која С.А. со „опел астра“ со скопски регистарски ознаки удрил во пешакот З.Ј. (83) од Скопје. З.Ј. е префрлен во Градската општа болница „Наум Охридски“ каде му се констатирани тешки телесни повреди и е задржан на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top