| четврток, 6 декември 2018 |

Пред да се залетате по ајфон 7: Ќе преживее пливање во базен, но не и туширање

Епл ги претставија официјално новите смартфони ајфон7 и ајфон 7 Pплус. Уредите работат со iOS 10 и имаат подобри камери, побрзи процесори и обезбедуваат подолг живот на батеријата.
1473314923-iphone

Смартфоните го н немаат класичниот 3,5 аудиоприклучок и се опремени со IP67 сертификатни облоги кои обезбедуваат заштита против прашина и вода. Во секој случај тоа е едно од најинтересните подобрувања во долгоочекуваните ајфон 7 и ајфон 7 плус.

Новите уреди можат да бидат потопени под вода на длабочина од еден метар во период од 30 минути.1473275315-57d06113c36188b30f8b46b5jpg

Копчињата, SIM слотовите и целиот надворешен дел се хидроизолирани, за да не пропуштаат вода во внатрешноста.

Сепак, светските портали веднаш објавија итнересна информација која открива што би се случило ако сепак течност го оштети вашиот ајфон 7 и ајфон 7 плус. Епл не ја покрива оваа штета, а тоа значи дека ако вода навлезе во смартфоните, компанијата не се ангажира со бесплатна поправка или замена на уредот.1473275344-sistemen-bufer-2

Исто така трена да се нагласи дека самиот Lightning конектор не е водоотпорен и треба да внимавате кога го полните телефонот откако бил потопен во вода.

Доколку планирате да ги купите новите смартфони на компанијата е добро да ја знаете оваа подобробност, за да се спасите од неочекувани проблеми. Најдобра опција е да се ограничите до благо влажнење, а не пливање во базен и така да го заштитите смартфонот од евентуални оштетувања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top