Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Горан Пандев е најплатениот фудбалер од сите македонски интернационалци кои сезонава настапуваат во италијанската Серија А.
Италијанските медиуми открија дека напаѓачот на Џенова има годишна плата од 800.000 евра, што е дупло поголема од таа што ја заработува напаѓачот на сицилијанскиот калчолигаш Палермо, Илија Несторовски.
Околу 50.000 евра помалку заработува тимскиот колега на Нестровски, Александар Трајковски.
Убедливо, наплатен фудбалер во Серија А, со годишна плата од 7.5 мил. евра, е најскапата аквизиција во клупската историја на актуелниот шампион, тимот на Јувентус, аргентинскиот интернационалец, Гонзало Игуаин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.