| четврток, 6 декември 2018 |

Победа за шахистките и пораз на шахистите на Олимпијадата во Баку

Македонските шаховски репрезентации синоќа имаа различен учинок на дуелите од 5.коло на Шаховската олимпијада што се одржува во Баку. Победа од 3,5:0;5 над Суринам постигнаа шахистките, а цел поен освоија: Моника Стојковска, Драгана Николовска и Симона Лакинска, додека ремизираше единствено Бојана Бејатовиќ. Македонија по петото коло се наоѓа на 70.место на табелата и денеска ќе игра против селекцијата на Република Ирска.

Шахистите пак загубија со 3,5:0,5 од Перу, а единствено непоразен остана Трајко Недев, додека мечевите ги загубија: Филип Панчевски, Тони Лазов и Никола Николовски.

Нашата селекција се наоѓа на 85.место на табелата и денеска во рамките на 6.коло ќе игра против Таџикистан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top