Кети и Брендон, млад брачен пар од САД, за свадбата добиле многу подароци, од кои повеќето во плик. Но, меѓу сите тие пликови, посебно се истакнувал белиот плик од тетка Алисон. На него пишувало: „Не отворај до првата караница“.
Така, пликот стоел затворен неколку години, Не дека во текот на тие неколку години не се скарале (дури еднаш биле и пред развод), но да се отвори писмото значи да се признае неуспехот. Така го чувале пликот како последна шанса да го спасат бракот, зашто верувале дека во него се наоѓа токму тоа, клучот на среќниот брак каков што имаме тетка Алисон и нејзиниот сопруг.
Но, кога починал сопругот на тетка Алисон, одлучиле да го отворат и да видат што се крие во него.
Во пликот нашле два помали свиоци, едниот за неа, другиот за него. Во нејзиниот имало малку пари и порака дека парите се за шкампи, пица и некое друго јадење што го сакаат двајцата, а пораката на неговиот била дека парите се за цвеќе и шише вино.
-Од почетокот знаемевме дека во пликот се крие клучот за среќен брак, и на некој начин бевме во право. Кога има несогласување, треба да се опуштиме и да му посветиме повеќе внимание на другиот. Всушност, тетка Алисон сакаше да ни порача дека клучот за среќен брак не лежи во нешто надворешно, туку во нас самите, велат Кети и Брендон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст