| четврток, 6 декември 2018 |

Состав кој го насмеа Балканот: Kако си поминав на распуст не е ваша работа

sostav

Сите кога биле ученици пишувале писмена на тема „Како го поминав летниот распуст“ во осносно училиште, но ова дете решило да не го направи тоа. Наместо да раскаже каде летувал и како си играл со другарчињата, ученик од Србија едноставно и напишал на својата наставничка, дека тоа не е нејзина работа и дека ако добие единица ќе ја тужи.

„Како го поминав распустот никој не треба да го интересира. Тоа е моја лична работа, како што е и летото – мое лично време за одмор, и не морам за тоа да полагам сметки во овој состав. Треба да се почитуваат човековите права. Ако добијам единица поради составот тогаш, драга моја наставничке, ќе се видиме во Судот за човекови права во Стразбур.

Ќе добиете повик од нив, а јас веќе ќе бидам таму во врска со нешто друго. Што – и тоа е моја лична работа и никој не треба да го интересира“.

Фотографијата од овој состав брзо стана хит помеѓу корисниците на социјалните мрежи на Балканот и предизвика бројни реакции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top