-Времето е клучен фактор. Нашата приказна трае повеќе години, а членството сѐ уште не е на повидок. Има различни стандарди за државите што се членки и што се кандидати. Некој ќе рече дека тоа е нормално и затоа е подобро да сме членка. Но, во меѓувреме, не можете да замислите на некоја држава од ЕУ да ѝ биде проблематизирано постоењето и основните права на нејзините граѓани, но за кандидат, тоа е сосема возможно – истакна Попоски.
-Не е решение да седнеме и само да се жалиме. Но, фер е да се направи една стратегиска оцена во ЕУ за користа и штетите од одложувањето на процесот. Дури и при услови на внатрешни предизвици, во ЕУ треба да се промовира интеграција на Балканот – нагласи министерот Попоски.
-Денес, правилата за членство се изменија. Најголемиот мировен проект на најстариот континент ги заостри критериумите на процесот за проширување, па сега повеќе не е доволно само грубо воспоставување на функционална демократија и економија на пазарни принципи. Затоа, мора да се дефинира временска рамка, да се постават стандарди колку време може една држава да се држи како кандидат за членка, до моментот на почнување и завршување на пристапните преговори. Така ќе се обезбедат и регионалниот мир и безбедност на долг рок – рече тој.
Попоски учествуваше на Бледскиот стратешки форум заедно со неговите колеги од регионот и пошироко. Овогодинешниот форум беше посветен на „зачувување на иднината“, преку иницијативи во надворешната политика, економијата, туризмот, науката, информатичкото општество и слично.
За време на Форумот, Попоски оствари билатерални средби со министрите за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Косово, Словенија, Србија и Турција, како и со францускиот секретар за европски прашања Харлем Дезир, американскиот помошник секретар за Европа Хојт Ји и канадскиот парламентарен секретар на министерот за надворешни работи Памела Голдсмит Џонс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Попоски и Димитров на „Топ тема“ ќе дебатираат за надворешната политика
-
Попоски: За разлика од Македонија, Бугарија си ги заштити своите интереси
-
Попоски: Веруваме дека договорот со Бугарија може да биде подобар без да се наштети никому
-
Никола Попоски: Потребата за договор е наметната од страна на Бугарија (видео)