Лавина од коментари и реакции по социјалните мрежи во Хрватска предизвика учебник за првоодделенчиња, пишуваат медиумите во таа земја.
Објавен е учебник во кој во рамките на една од наставните целини за децата е илустрирана разликата меѓу „жена“ и „мамичка“.
Жената е претставена како „бујна“ русокоса заводничка, со потпетици и во кратко здолниште, додека мајката е претставена како домаќинка, за која се подразбира дека не е сексапилна.
Фотографијата од учебникот на социјалните мрежи ја објавија голем број родители, кои се вџашени од ваквите стереотипи што им се наметнуваат на децата во образованието.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.