| четврток, 6 декември 2018 |

Македонскиот драмски писател Зоран Пејковски назначен за почесен амбасадор на мирот

Македонскиот драмски писател Зоран Пејковски е назначен за почесен амбасадор на мирот од меѓународната организација „Universelle des Ambassadeurs de la Paix“, чиј претседател е госпоѓата Габриел Симонд.

Станува збор за една од најголемите светски организации во која членуваат 100 земји и 1.000 амбасадори на мирот, која функционира во Швајцарија и Франција, односно Женева е заедничкиот меѓународен секретарјат на организациите и за Швајцарија, и за Франција, сѐ со заедничка мисија, мир во светот.

-Задоволството е огромно да се биде член во една ваква светска организација, посебно затоа што во сертификатот државава е забележана со уставното име – Република Македонија.. Тоа е дотолку посилно затоа што со ова се докажува дека Република Македонија е уставно призната земја, и претставува потврда дека секаде во светот и за секого во светот ние сме Македонија. Ѝ благодарам на претседателската госпоѓата Габриел Симонд што покажа колку е значајна Република Македонија за глобалниот свет, вели Пејковски.

Инаку, целите и задачите на оваа светска организација за мир се оддавање на респект на мажите и жените од сите земји, од сите националности, сите средини, на сите верски семејства, духовни заедници, кои работаат за мирот на глобално и национално ниво. Тоа значи промовирање на нивната работа, говор, активности, книги, филмови, конференции, потоа формирање на Комисија за глобалниот почесен амбасадорски тим составен од личности кои се вклучени и активно учествуваат во нивните активности за мир меѓу народите и човештвото. Овие амбасадори ќе учествуваат ќе креираат, и ќе помогнат да се создадат активностите, како и насоки кон патот на мирот.

Што се однесува пак до амбасадорите на мирот, тие се номирани заради  своите придонеси и постапки, преку нивниот дух, нивните текстови, нивните книжевни дела, со тоа што ќе станат жив пример за мир, братство, хуманизам, во нивниот секојдневен живот. Тие преставуваат живи примери на мирот насекаде, и во нивното семејство во нивната држава, тие се живи факели на духот на универзалниот и вечен мир.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top