Американскиот државен секретар Џон Кери, во име на претседателот Барак Обама, упати писмо со честитки до Македонија по повод Денот на независноста 8 Септември.
„Во име на претседателот Обама и на американскиот народ, упатувам најтопли желби до македонскиот народ, при одбележувањето на 25-годишнината од вашата независност. Оваа важна годишнина им дава можност на нашите две земји да се осврнеме на цврстината на нашето пријателство низ изминатата четврт век. Македонија силно напредуваше од својата независност и Соединетите Држави се горди што ја поддржувавме вашата земја на секој чекор по овој пат. Нашата традиција на соработка во областите на безбедноста, трговијата, доброто управување и одржувањето контакти меѓу народите ја подвлекува длабочината на нашиот однос“, пишува секретарот Кери.
Во писмото се додава дека САД ќе продолжат да ја поддржуваат Македонија во градењето на инклузивно, просперитето и демократско општество.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кина: САД ни држат нож под грло во трговскиот спор
-
Заев со честитки за Курбан Бајрам: Да ја јакнеме заедницата како едно општество за сите
-
Мицкоски го честита Бајрам: Богатството е во различностите на верите, културите и традициите
-
Мицкоски со честитка до припадниците на АРМ: Нашите војници ги исполнуваат највисоките НАТО стандарди!