Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ вчеравечер во Дом на АРМ организира настан за одбележување на 25–годишнината од осамостојувањето на Република Македонија.
На настанот настапија ансамбл Македонија, Сашо Гигов Гиш, Валентина Божиновска, Дарко Билбиловски и поетесата Виолета Сековска, а од страна на Милена Илиеска беше изведена монодрамата Султана – Мајката на Гоце Делчев.
„Да се чепне длабоко во македонскиот музички извор и македонска историја, а притоа да не се спомене името на мајките чии синови испишале и оставиле историја за паметење, ќе е нечесно кон она што се вика основа на човештвото“, потенцираа од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.
На настанот присуствуваше претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова.
Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и во наредните денови ќе продолжи со организација на активности и настани во чест на Денот на Самостојноста и Независноста на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст