| четврток, 6 декември 2018 |

Се шири паника на социјалните мрежи, но пријава за киднапери нема

Опасна двојка демне мали дечиња низ Скопје со цел да ги киднапира – со вакви и слични наслови денеска се рашири паника по дел од македонските портали. Текстовите беа базирани на статусот на „Фејсбук“ во кој беше опишан овој немил настан.

Вчера вечерта околу 7 часот во населбата 11 Октомври во Кисела Вода додека си играле деца на возраст од околу 10 години,им пришла кола опел астра караван тегет боја без регистарски таблици во која имало маж и жена и им нуделе играчки на децата со цел да ги привлечат во колата – се вели во статусот.

Сепак, во македонската полиција досега овој случај не би бил пријавен. Од СВР Скопје за „Република“ велат дека до овој момент никој не го пријавил овој или случаи слични на него.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top