– Во 2012 година во речиси 30 општини има повеќе починати од новороденчиња. Големи општини во Македонија со изразито негативен прираст, односно со две починати лица на едно новороденче се и Битола, Карпош, Охрид, Берово Валандово, Вевчани, Велес, Вранештица, Гевгелија, Градско, Делчево, Кратово, Македонски Брод, Пробиштип… Затоа се потребни нови мерки за соочување со демографските предизвици за надминување на демографската криза, посочи заменик-министерот за труд и за социјална политика Ибрахим Ибрахими на конференцијата за подобрување на Стратегијата за демографски развој.
Доколку се направи проекција за наредните 20 години, додаде Ибрахими, ќе се соочиме со страшна слика за демографските трендови во земјата. Затоа се бара мобилизација на сите потенцијали во системот за поуспешна реализација на сеопфатни семејни мерки и политика за вработување, родова еднаквост, грижа за децата, здравствени услуги што ќе ги сменат бројките во Македонија.
Неделникот „Република“ во текстот „Бела се чума зададе“ пишуваше за континуираниот пад на наталитетот (Република бр.6 од 12 октомври 2012), каде што стручњаците посочуваат дека статистички рамнотежата во државата ја одржуваат етничките заедници, додека Македонците се на пат да станат малцинство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст