Алжирскиот фудбалер Ријад Марез со месеци се поврзуваше со трансфер во Барселона, но сепак тој остана во екипата на Лестер. Според легендата на Барселона, Чави Хернандез, Ријад Марез би бил големо засилување за каталонската екипа, иако во екипата на Луис Енрике има многу квалитетни поединци кои што играат на истата позиција.
– Марез дефинитивно поседува квалитет за да игра за Барселона. Тоа е одличен играч. Ме воодушеви и поради тоа што одлучи да остане во Лестер и потпиша нов договор, иако практично можеше да го бира војот нов клуб, изјави Чави Хернандез за ѕвездата на англискиот шампион.
– Марез покажа дека е чесен. Без него екипата на Лестер ќе беше многу ослабена, а им претстои учество во Лигата на шампионите. Тоа ќе биде интересно да се гледа, додаде Чави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст