Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот на партијата Никола Груевски денеска ја почна посетата на Берлин каде што во наредните три дена ќе се сретне со германски политички и стопански претставници.
Покрај Груевски, во главниот град на Германија престојуваат и членовите на Извршниот комитет на партијата Никола Тодоров и Никола Попоски, како и пратениците Влатко Ѓорчев и Александар Николовски.
Според Груевски, целта на партиската посета е со германските домаќини да се разменат информации за состојбите во Република Македонија и да се продлабочат пријателските односи со Сојузна Република Германија. Во текот на посетата претставниците на ВМРО – ДПМНЕ ќе се сретнат со претставници на своите сестрински германски десничарски партии.
– Во пресрет на изборите да ги објасниме сите работи коишто се случуваа во минатото, оние што се случуваат сега и оние што очекуваме да се случат во иднина во Македонија, пред се во правец на излез од политичката криза и во правец на организирањето на изборите, а секако и во правец на зајакнување на односите помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и нашите сродни сестрински партии ЦДУ и ЦСУ, како и во еден поширок контекст на подобрување на односите помеѓу Германија и Македонија. Овие денови ќе имаме бројни средби за кои ќе информираме за состојбите во Македонија, за реформите кои се прават и оние коишто следуваат, за чекорите коишто треба да се случат за земјата да оди напред кон европските и евроатланските интеграции и кон сите оние значајни прашања што им се предмет на интерес, изјави Груевски по средбата во Бундестагот со Андреас Шојер, генерален секретар на Христијанско Социјална Унија (ЦСУ), сестринска партија на Христијанско Демократската унија (ЦДУ) на канцеларката Меркел.
Во Берлин за време посетата, според претседателот на ВМРО – ДПМНЕ ќе се разговара и за мигрантите и начините на кои Македонија се справуваше и ќе се справува во иднина, а ќе се разговара и за економски теми, намалување на невработеноста и привлекување на странски инвестициит
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии