Вкупната вредност на извозот на стока од Македонија во периодот јануари – јули годинава изнесува 2.710.526.000 долари, и бележи пораст од 5,6 проценти во однос на истиот период лани. Според Државниот завод за статистика, вредноста на увeзената стока, во првите седум месеци од годинава изнесува 3.821.115.000 долари, што е за 4,4 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Стоковната размена изнесувала 6.531.641.000 денари. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-јули годинава изнесува 1.110.590.000 долари. Покриеноста на увозот со извоз, изнесува 71 процент.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија.
Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, во првите седум месеци годинава Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Италија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


