| четврток, 6 декември 2018 |

Бензините поскапуваат за половина денар, цената на дизелот непроменета

бензин

Малопродажната цена на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува за половина денар, а цената на дизелот останува непроменета. Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на eуросупер БС 95 ќе биде 62 денари, а на eуросупер БС 98 ќе изнесува 64 денари.

За половина денар се зголемува малопродажната цена на eкстра-лесното масло за домаќинство и ќе изнесува 37 денари, додека мазутот ќе се продава за 23,008 денари за килограм.

Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена изнесуваше 47,88 долари за барел, а курсот на денарот во однос на доларот 54,52 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top