| четврток, 6 декември 2018 |

Официјално: Живееме во нова епоха – антропоцен

Група експерти, чијашто задача беше да го разгледаат прашањето дали официјално сме влезени во антропоцен – геолошки период, кој се карактеризира со влијанието на луѓето и нанесувањето штета врз планетата, даде свој одговор – да.

Со почетокот на епохата антропоцен се завршува епохата холоцен, која траеше или трае последните 12.000 години откако заврши последната ледена доба.

Радјација, загадувањето, уништувањето на шумите… Човекот во последните неколку децении во толку голема мера ја измени планетата на начин на кој во минатото биле потребни десетици милиони години, а најголема штета е нанесена во периодот на индустриската револуција.

Шефот на британската работна група за антропоцен (WGA) на геолошката конференција во Кејптаун изјави дека, според негово мислење, епохата антропоцен почнала во 1950 година. Тоа беше ера на почеток на тестирањето на нуклеарните бомби, пластики за еднократна употреба и еден вид „бум“ за човечката популација.

Терминиот „антропоцен“ брзо стана академски термин и почесто почна да се користи во јавноста во последните неколку години. Меѓутоа, колку повеќе се користи терминот, се прави поголема конфузија, барем за оние, кои не се упатени детално во науката.

Грубо преведено, ерата антропоцен значи „доба на луѓето“. Геолозите ги испитуваат слоевите на карпите наречени „страта“, кои ги покажуваат промените во фунционирањето на Земјината површина – океанските, биолошките, копнените, речните, атмосферските, тектонските или хемиските.

Суштината на оваа теорија е во тоа дека со текот на времето сме го промениле екосистемот на Земјата на начин на кој во прашање е доведен човечкиот опстанок.

Концептот антропоцен е провокативен уште повеќе од концептот за глобално затоплување, бидејќи имплицира дека нашиот сегашен начин на живот, особено во развиените делови на светот е целосно неодржлив. Научниците се уште дебатираат околу оваа теорија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top