| четврток, 6 декември 2018 |

Одложување на дочекот: Новата година ќе дојде на 23 јануари 2017?

Амбасадорите во Македонија предводени од нивниот синдикален лидер Џес Бејли денес известија преку Твитер дека очекуваат Владата на Република Македонија да донесе одлука за одложување на прославата на Новата 2017 година.

Според амбасадорите, во земјава не се исполнети условите новата година да дојде на 31 декември 2016 точно на полноќ, бидејќи има нерегулирани медиуми кои немаат кредибилитет да соопштат дека доаѓа новата година, ниту пак да ја честитаат истатана своите гледачи.

Нивниот предлог е новата година во Македонија да дојде кога ширум светот ќе биде 23-ти јануари 2017-та. СДСМ делимично се согласил со предлогот на странците додавајќи дека недоаѓањето на новата година е уште еден доказ за криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, како и дека СДСМ останува отворен за прослава на новата година еднаш откако ќе се создадат условите за тоа, без да се врзуваме за конкретни датуми.

Неофицијално, СДСМ не планира да слави нова година и на крајот на јануари, туку ќе гледа да го оддолжи процесот за јули, кога нова година ќе може да се спои со годишните одмори за да се искористи шансата да се има подолг летен одмор на пределите на Халкидики, Палма де Мајорка и Тенерифе.

Времето меѓу 31-12.2016 и новиот датум во кој ќе се одлучи да продолжи 2017 година според СДСМ е прифатливо да биде било кој период односно датуми од минатите две години, со оглед на тоа дека ништо не се променило во Македонија во овој период.

Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Кромиди Запад

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top