НЛБ Тутунска банка нема да затвара ниту една филијала, ниту пак ќе отпушта вработени. Ова е дециден одговор на менадџментот на НЛБ Тутунска банка на информациите објавени утрово во некој од медиумите според кои санацијата на словенечката Нова Љубљанска банка, мерка која ја бара Европската Комисија, ќе се одрази и на НЛБ Тутутнска банка во Македонија.
Овие мерки не се однесуваат за НЛБ Тутунска банка АД Скопје, која е независна банка и најуспешна членка во НЛБ Групацијата и една од најуспешните банки во РМ, велат за Вечер од менадџментот на НЛБ Тутунска банка.
Имено според информацијата која ја објави словенечки “Finance”, Словенечката Нова Љубљанска банка ќе го намали бројот на вработените за околу 700 лица, ќе укине 17 организациски единици и ќе затвори третина од филијалите како резултат на активностите за сопствена санација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст