| четврток, 6 декември 2018 |

Турција нуди можност за доставување гас преку „Турски тек“

Турција нуди можност за доставување гас преку „Турски тек“ на грчко-турската граница, изјави директорот на „Газпром“, Алексеј Милер, јави ТАСС.

Како одговор на прашањето дали тоа значи дека наскоро турските власти ќе ги преформулираат одлуките донесени за време на проектот „Јужен тек“, дека е можно да биде продолжена работата и по прокетот во претходната конфигурација, со гасовод до Бугарија, Милер изјави: „Не, станува збор исклучително за преформулирање на сите претходно донесени одлуки за ’Турски тек‘, поморскиот гасовод од Русија до Турција“.

На прашањето дали гас може да се доставува преку Турски тек до Европа тој изјави: „Турција нуди таква можност на нејзината граница со Грција“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top