Иако Манчестер јунајтед е еден од најбогатите клубови во светот, понекогаш и таму знаат да направат расходи кои не се пожелни во клубот.
Со оглед на тоа дека сезонава Јунајтед очекува зголемување на продажбата на дресови за цел еден милиони, односно очекува продажба на 4 милиони дресови, од клубот наводно им дале наредба на трите најголеми ѕвезди, Златан Ибрахимовиќ, Пол Погба и Вејн Руни, но, меѓу останатото, тоа ќе важи и за сите останати играчи, дека не смеат да ги менуваат дресовите со никого, ни со играчи, а сигурно не и со навивачите на самиот клуб, од кои тријат раце за повеќе продадени дресови во Манчестер.
Извор близок до Јунајтед, за спортскиот журнал „Сан“ открива: „Клубот побара од нив да не ги заменуваат дресовите, па дури и да не ги даваат на навивачи“.
Јунајтед е мегаломанско финансиски џин, пред две сезони потпиша мегадоговор со „Адидас“ за снабдување со спортска опрема и дресови, договор од кој Јунајтед инкасира 75 милиони фунти секоја сезона, што е повеќе од двојно за разлика од останатите клубови кои заработуваат пари од нивните спортски набавувачи на опрема.
Па токму затоа, зад сите овие бројки кои Јунајтед ги прави на пазарот, чудно изгледа одлуката, односно забраната до играчите да не ги даваат своите дресови така лесно, па допрва треба да се види дали тоа ќе биде навистина практика или повторно ќе се менуваат дресовите по натпреварот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.