| четврток, 6 декември 2018 |

Амбасадата на РМ во Ватикан реагираше по неточната информација во брошурата за местото на раѓање на Мајка Тереза

Македонската амбасада во Ватикан соопшти дека веднаш реагирала по неточната информација за местото на раѓање на Мајка Тереза којашто се појави во брошурата подготвена од Ватиканските власти за денешната свеченост.

– Првата реакција е испратена од страна на нашата Амбасада во Ватикан, додека потоа и македонската државно-црковна делегација која што присуствуваше на церемонијата упати остра реакција, со барање брошурата да биде повлечена, грешката исправена и побара објаснување од Ватиканските власти за овој пропуст на организаторот, се наведува во соопштението.

По реакциите, на примероците од официјалните делегации е корегирана грешката.

Грешката  беше само на англиската верзија на брошурата каде што пишуваше дека Гонџа Бојаџиу е родена во Скопје, Албанија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top