Потребно е да ги соберете бројките од вашиот датум сè додека не добиете едноцифрен број.
На пример, 12.05.1990 се пресметува на следниов начин: 1+2+0+5+1+9+9+0 = 27 = 2+7 = 9.
Бројот девет на оваа личност ѝ ја одредува фигурата.
Напомена: Значењето важи само за жени.
Значењето на броевите:
Број 1
Ваквите личности обично се многу активни и ретко имаат прекумерна тежина. Динамичноста резултира со витка и затегната фигура.
Број 2
Личностите од овој тип имаат тенденција да се дебелеат и често се одлучуваат за диети. Но, она што не знаат е дека изгладнувањето за нив е строго забрането. Наместо тоа, предност треба да ѝ дадат на храната од растително потекло и на физичките активности.
Број 3
Овие личности се склони на непотребни грижи, а што им е потешка душата, тоа им е потешко и телото. Личностите со овој број треба да се ослободат од тежината на негативните емоции и ќе изгледаат сè подобро и подобро.
Број 4
На личностите со овој број им се препорачува да се занимаваат со омилените активности. Работното задоволство може да ги направи гладни, а како резултат на тоа, телото да започне да таложи непотребни количини на маснотии.
Број 5
Типот на фигура кај овие личности секогаш зависи од животната позиција. Оптимистите имаат витка линија, а песимистите обратно. Потребно е да живеете живот со полни гради, а вашето тело само ќе се ослободите од непотребните килограми.
Број 6
Луѓето со овој број често имаат пропорционална фигура, а за да ја сочуваат својата убавина потребно е само да се исхрануваат пропорционално.
Број 7
За овие личности многу е важно да одржуваат добри односи со партнерот. Често поради проблемите во бракот или врската можат да почнат да имаат проблеми и со тежината.
Број 8
За овие личности важно е да научат да простуваат. Преголемата лутина може да ги натера да акумулираат непотребни масни наслаги.
Број 9
Овие типови се склони кон дебелеење, а намалувањето на непотребните килограми обично им оди тешко. Одлична варијанта за овие личности е да консумираат поголеми количини на кисело овошје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.