Мајка Тереза има оставено многу пораки за човештвото коишто се универзални и безвременски. Треба да се гордееме со Мајка Тереза затоа што таа е наш сограѓанин. Таа шири идеи за повеќе љубов, сплотеност, мир меѓу луѓето, добрина, помагање без калкулации, без предумисла. Тоа се идеи коишто човештвото го прават подобро – изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Тој беше дел од државно-црковната делегација на Република Македонија која денеска во Ватикан присуствуваше на прогласувањето на Мајка Тереза за Светица.
– Светот не е идеален. Не може еден човек да го промени и да го направи идеален. Светот секогаш ќе има проблеми, секогаш ќе има војни, секогаш ќе има неубави работи, но постојат личности во светот коишто барем малку го менуваат светот. Мајка Тереза е една од нив – нагласи Груевски.
Осврнувајќи се на неговата иницијатива за меѓународен орден за заслуги „Мајка Тереза“, Груевски рече дека таа е резултат на неколкумесечни размислувања и оти со неа дополнително ќе се афирмира животот, делото и филозофијата на живеење на Мајка Тереза. Иницијативата, како што посочи, е ваквиот орден да се доделува на жени за нивните високи достигнувања во различни области.
– Мајка Тереза е светски позната личност. Таа е од Скопје, но припаѓа на целиот свет. Како премиер сум патувал во многу држави и сум се уверил дека секаде знаат за неа и за нејзиното дело, за нејзините активности, за нејзиниот живот и за нејзината лична жртва. Многу од нив имаат слика од Мајка Тереза во своите кабинети, во Јужна Америка, низ Европа. Во Индија на многу високо ниво е издигната нејзината личност. Веројатно таа е најпозната личност која е родена и израсната на територијата на денешна Република Македонија, рече Груевски.
Потсети дека во изминатите 10 години во Македонија се иницирани многу проекти за афирмација на ликот и делото на Мајка Тереза како што се Спомен куќата во центарот на Скопје, автопатот од Скопје до Охрид, обиколницата на Скопје, преименувањето на булеварот „Водњанска“ во „Мајка Тереза“, комплексот клиники во Скопје и многу други.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии