| четврток, 6 декември 2018 |

Што всушност сакаат жените од вистинските мажи?

Во новото истражување објавено во списанието „Еволуција и човечко однесување“ жените најмногу ги привлекува мирисот на мажите кои јадат овошје и зеленчук. Од друга страна жените ги одбива мирисот на мажите кои јадат многу јаглехидрати.

Научниците се обиделе да го разберат односот меѓу мирисот на потта, здравствената состојба и генетиката. Мажите кои учестувале во истражувањето требале да донесат примероци од пот со детални информации за тоа што јадат. Жените потоа го оценувале мирисот на примероците кои биле донесени. Мажите кои конзумирале повеќе овошје и зеленчук произведувале посладок, овошен мирис кои жените најмногу ги привлекува.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top