| четврток, 6 декември 2018 |

САД и Сирија не постигнаа договор за Сирија, преговорите ќе продолжат утре

САД и Русија не постигнаа договор за крај на граѓанската војна во Сирија. Преговорите ќе продолжат утре и покрај тоа што американскиот претседател Барак Обама изрази скептицизам за успехот од дипломатските напори.

Русија и САД со недели се обидуваат да постигнат прекин на огнот меѓу владините сили и умерените бунтовници со што би се овозможила хуманитарна помош до стотиците илјади цивили во погодените региони.

Претставник на Стејт департментот изјави дека преговорите влегле во ќорсокак вчера кога Русија се повлекла од договори за прашања кои американската страна ги смета веќе завршени.  Тој не даде повеќе детали во изјавата за американски медиуми.

Американскиот државен секретар Џон Кери и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ќе се консултираат со своите влади пред утрешното продолжение на разговорите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top