| четврток, 6 декември 2018 |

Стартуваат европските квалификации за Светското првенство во Русија

Со денешните девет натпревари стартуваат европските квалификации за Светското првенство што во 2018 година ќе се одржи во Русија.

Светскиот првак Германија ја пречекува селекцијата на Норвешка, а се очекува интересен да биде и натпреварот меѓу Словачка и Англија.

Двојки на натпреварите од првото коло кои се играат денеска:

Ц група: Германија – Норвешка, Чешка – Северна Ирска, Сан Марино – Азербејџан.

Е група: Данска – Ерменија, Романија – Црна Гора, Казахстан – Полска.

Ф група: Литванија – Словенија, Словачка – Англија и Малта – Шкотска.

Почетокот на дуелите е во 18:00 и во 20:45 часот.

Натпреварите од другите шест групи се играат утре и задутре.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top