| четврток, 6 декември 2018 |

Момче се бори за живот по тешка сообраќајка

Во Куманово на раскрсницата од ул.„Доне Божинов“ и ул.„Никола Тесла“ вчера околу 14:10 часот случена е сообраќајна незгода во која Д.Д. (31) од Куманово, управувајќи мопед „кимко“ со кумановски регистерски ознаки изгубил контрола над мопедот и паднал.

Во незгодата моторциклистот се здобил со тешки телесни повреди (фрактура на череп и повреди на мозокот) кој по укажаната лекарска помош во кумановската болница бил пренесен и задржан на лекување во Клиничкиот центар во Скопје и е во животна опасност.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово и се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top