Ниту еден ученик не се запишал во Средно текстилно школо. Статистичките податоци покажуваат дека младите ги избегнуваат стручните три годишни програми, посебно за оние професии кои се дефицитарни на пазарот на труд, анализира „Сител“.
Празни паралелки има и во средно стручно за двропреработувачка, земјоделско ветеринарна, градежно геодетска, кожарска, сообраќајна индустрија. Ова, според експертите, се должи, на помалку вреднуваниот труд за овие занимања.
Државниот завод за стастистика вчера објави дека во вториот квартал стапката на слободни работни места изнесува 1,38%, односно се бараат работници за над 6,600 работни места. Најмногу кадар недостасува за услужните дејности, продажбата и преработувачката индустрија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.