| четврток, 6 декември 2018 |

Стејт департмент: САД и Русија се блиску до постигнување спогодба за Сирија

САД и Русија се блиску до постигнување спогодба за Сирија, но останува да се решат уште неколку прашања, изјави претставник на Стејт департментот во кинескиот град Ханџоу, каде денеска се отвора самитот на Г-20, пренесоа британските медиуми.

Договорот може да биде објавен подоцна, во текот на денот, додаде американскиот претставник.

Претходно, претседателот Барак Обама, по средбата со британската премиерка Тереза Меј, изјави дека без отстапки од руска страна ќе биде тешко да се пристапи кон нова етапа во решавањето на конфликтот во Сирија.

-Имаме сериозни разлики за страните кои ги поддржуваме во Сирија, посочи Обама.

Рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавровј  соопшти дека Русија се договорила со САД за повеќето прашања битни за решавање на сирискиот проблем. Тој додаде дека  министерствата за надворешни работи и за одбрана, како  и специјалните служби, од двете земји и натаму секојдневно контактираат за изработка на заеднички алгоритам за борбата со тероризмот, пренесе ТАСС.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top