Лидерот на француската партија Национален фронт, Марин Ле Пен ветила одржување на национален референдум за прашањето дали земјата треба да ја напушти или да остане во Европската унија, доколку биде избрана за претседател следната пролет, пишува The Seattle Times.
Во саботата Ле Пен изјави дека „масовната имиграција“ и исламизмот се „новиот тоталитаризам на XXI век“.
Зборувајќи за евентуален референдум за останување на земјата во ЕУ, крајнодесничарскиот кандидат за изборите во април-мај изјави: „Ќе го направам тоа во Франција“.
Истражувањата покажуваат дека Ле Пен може да ја добие потребната поддршка, за да учествува во вториот круг на изборите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.