Германскиот научник и добитник на Нобеловата награда во полето на физиологијата, Харалд зур Хаузен, предупреди дека слабо проучен вирус кај кравите, може да предизвика рак кај луѓето.
„Сметам дека домашните животни можат да бидат директни предизвикувачи на ракот на дебелот црево кај луѓето. Располагаме со експериментални податоци кои што одат во прилог на оваа хипотеза. Меѓутоа, ова треба допрва да биде потврдено“, истакна Хаузен.
И другите научници порано предупредуваа на употребата на црвеното месо (говедското, телешкото, коњското и свинското) го зголемува ризикот од добивање на колоректален карцином. Но, Хаузен тврди дека опасноста доаѓа само од говедското месо, но, колку и да звучи неверојатно, доаѓа и од кравјото млеко.
„Традиционалното објаснување поврзано е со подготовката за јадење на скара, а од тука произлегуваат тврдењата дека тоа доведува до формирање на рак. Оваа теза го прикрива тоа дека таквите канцерогени состојки се добиваат и при пржењето на риба и пилешко месо, а никој не мисли дека употребата на пилешкото и јадењето на риба го зголемува ризикот од добивање на рак на дебелото црево“, нагласува научникот.
Тој открива дека ракот на дебелото црево е вистинска реткост во Индија, каде што говедското месо не се јаде од верски причини.
Тој укажува на тоа дека колоректалните заболувања од рак нагло се зголемиле после Втората светска војна. Тој е уверен дека тоа е најдиректно поврзано со тоа што во тие земји станало популарно увезувањето на говедско месо.
Германскиот научник додава дека во споменатите азиски земји многу поретко се среќава рак на млечните жлезди, затоа што таму минимално се користат во исхраната кравјо млеко и други млечни производи.
Хаузен во последниот број од научниот магазин International Journal of Cancer објави дека проучувал примероци на крв и млеко од крава и во нив открил елементи на ДНК кои што можат да припаѓаат на досега непознат вирус кој би можел да предизвикува рак кај луѓето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.