| четврток, 6 декември 2018 |

Со брендиран автобус: Фудбалерите појдоа да го освојат Скадар (ФОТО)

Фудбалерите околу 13 часот од Скопје тргнаа за Скадар преку Косово. Интересно, но и за пофалба е тоа што нашата репрезентација ќе патува со брендиран автобус.

Македонската фудбалска репрезентација денеска претпладне го одработи последниот тренинг во Скопје на комплексот „Петар Милошевски“ во Куќата на фудбалот. Тренингот беше непосредно пред заминувањето за Скадар.

Избраниците на селекторот Игор Ангеловски во понеделник почнуваат нов циклус квалификации, овојпат за Светското првенство во Русија 2018. Прв ривал е селекцијата на Албанија, која беше учесник летово на Европското првенство.

Фудбалерите и селекторот Ангеловски се оптимисти и посакуваат со позитивен резултат да ги почнат овие квалификации. Сите се задоволни и во одлична атмосфера ги одработија подготовките во Скопје.
Фудбалската експедиција за Скадар ќе патува со брендиран автобус, а патот до Скадар ќе ги води низ Косово и Албанија.

Македонија утре вечер во терминот на одигрување на натпреварот (20:45 часот) ќе има тренинг на стадионот „Лоро Боричи“ во Скадар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top