| четврток, 6 декември 2018 |

Силеџии нападнале момче кои шетало на кеј во 5 часот со полна торба пари

skopje kej nokje

Утрово околу 5 часот на ул.„Кеј Димитар Влахов“, Б.Ј., кој одел пеш, бил нападнат од четири непознати лица во возило.

Силеџиите излегле од возилото и почнале да го тепаат за да им го даде мобилниот телефон, а потоа насилно му одзеле една машка ташна во која имал 300 евра, 3000 денари, разни кредитни картички и други лични документи, по што лицата влегле во возилото и го напуштиле местото на настанот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top