| четврток, 6 декември 2018 |

Освалдо ја прекина кариерата за да пее по концерти

Pablo Daniel Osvaldo danystone25

Поранешниот репрезентативец на Италија, Даниел Освалдо, реши да стави крај на својата фудбалска кариера и целосно да му се посвети на својот музички бенд.

Освалдо (30) е роден во Аргентина, но пред 10 години доби италијански пасош затоа што настапуваше за младинската и сениорската репрезентација на “азурите”.

Во својата богата фудбалска кариера напаѓачот го носеше дресот на Хуракан, Аталанта, Лече, Фиорентина, Болоња, Еспањол, Рома, Саутемптон, Јувентус, Интер, Порто и на Бока Јуниорс.

Пред неколку недели, италијанските медиуми ја пласираа информацијата дека Освалдо својата фудбалска кариера ќе ја продолжи во редовите на калчолигашот Киево, но во средата тој откри дека и официјално ѝ става крај на својата играчка кариера и дека целосно ќе му се посвети на својот музички бенд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top